ПРВ.мк
Свет

(ВИДЕО) Силна експлозија во Техеран за време на протест: Една жена загина од шрапнел!

(ВИДЕО) Силна експлозија во Техеран за време на протест: Една жена загина од шрапнел!
Kristal

Една жена загина во силна експлозија во близина на плоштад во Техеран, која се случила за време на демонстрации по повод Денот на Ал Кудс. Според информациите, жената им подлегнала на повредите предизвикани од шрапнели.

Иранската државна телевизија објави снимки од моментот на експлозијата, по која густ чад се издигнал над местото на настанот. Во моментите на хаос, дел од демонстрантите почнале да скандираат „Смрт за Америка“, „Смрт за Израел“ и „Ниту компромис ниту предавање, борете се против Америка“.

Шефот на иранскиот Национален совет за безбедност, Али Лариџани, кој присуствувал на протестот, изјави дека нападот ја покажува „очајната состојба на Израел и САД“.

„Трамп не е доволно паметен да види дека иранскиот народ е зрел, силен и решителен. Колку е поголем притисокот од САД, толку е посилна волјата на народот“, изјави Лариџани за државната телевизија ИРИБ.

Полуофицијалната иранска новинска агенција Тасним соопшти дека експлозијата наводно била предизвикана од „американско-израелско бомбардирање“. Според нивните извештаи, погодена била област јужно од улицата Енгелаб, една од главните сообраќајници во иранската престолнина.

Инцидентот се случил за време на маршевите по повод Денот на Ал Кудс, годишен меѓународен митинг во поддршка на Палестинците, кој се одржува секој последен петок од Рамазан. Традицијата на овие маршеви започна по Иранската револуција во 1979 година и денес се одбележува во повеќе земји низ светот.

ВИДЕО

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo