Од Управата за хидрометеоролошки работи соопштуваат дека денеска времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност.
Ќе дува слаб до умерен ветер, а во источните делови повремено и засилен ветер од северен правец.
Максималната дневна температура ќе достигне до 28 степени Целзиусови.
Во Скопје се очекува променливо облачно време со сончеви периоди, проследено со умерен северен ветер.









