ПРВ.мк
Македонија

СЛУЧАЈОТ „ПУЛС“ ДАЛЕКУ ОД ЗАВРШНИЦА: Следуваат стотици сведоци и долг судски процес

СЛУЧАЈОТ „ПУЛС“ ДАЛЕКУ ОД ЗАВРШНИЦА: Следуваат стотици сведоци и долг судски процес

Судскиот процес за случајот „Пулс“ би можел да трае уште долго и во скоро време да не добие конечна разрешница, оцени Ивана Петковска од Коалицијата „Сите за правично судење“, при гостување во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ.

Петковска направи паралела со предметот „Ласкарци“, посочувајќи дека станува збор за сложени судски постапки со голем број докази и сведоци.

Во моментов, постапката за „Пулс“ сè уште е во фазата на изведување докази од страна на Јавното обвинителство, додека одбраната сè уште не започнала со презентирање на своите докази.

Според Петковска, одбраната најавила повеќе од 200 сведоци. Таа оцени дека само нивното сослушување би можело дополнително да го продолжи процесот за една до две години.

Како пример за долготрајноста на ваквите постапки, таа го посочи предметот „Ласкарци“, кој започна во септември 2019 година, а во септември 2026 година, по одлука на Врховниот суд, беше вратен на повторно судење.

Петковска се осврна и на предмети поврзани со поранешното Специјално јавно обвинителство, меѓу кои „Титаник“ и „Талир“, посочувајќи ги како примери за долги и сложени судски постапки.

Таа не ја прејудицираше конечната одлука во случајот „Пулс“, ниту евентуалните жалбени постапки, но оцени дека според обемот на предметот може да се очекува долготраен судски процес.