ПРВ.мк
Македонија

ОД ФРИЗЕРСКИ САЛОН ДО СВЕТСКАТА СЦЕНА: Ова е момчето што ќе ја претставува Македонија на „Mister International 2026“

ОД ФРИЗЕРСКИ САЛОН ДО СВЕТСКАТА СЦЕНА: Ова е момчето што ќе ја претставува Македонија на „Mister International 2026“

Октај Сејди годинава ќе ја претставува Македонија на светскиот избор за машка убавина „Mister International 2026“, кој ќе се одржи на 26 септември во Тајланд.

Сејди веќе пристигна во Тајланд, каде што го очекуваат активностите пред големиот избор. За него ова е ново поглавје во кариерата, која ја започнал уште како тинејџер.

Со фризерство почнал да се занимава на само 14 години, а веќе на 20 години го отворил својот прв салон. Почетоците, како што раскажува, не биле едноставни, бидејќи многумина не верувале дека толку млад може да изгради успешна кариера.

Еден од луѓето кои уште тогаш му дале поддршка бил познатиот стилист Дадар. Со текот на годините, Сејди стекнал повеќегодишно искуство и остварил соработки со познати личности од домашната, регионалната и светската сцена.

Сега пред него е сосема поинаков предизвик – настап на меѓународна сцена и можност да ја претставува Македонија пред публика од повеќе земји.

Од Тајланд, Октај веќе споделува фотографии и моменти од престојот, а вели дека постојано добива пораки за поддршка од Македонија.

„Постојано добивам пораки и ве чувствувам како да сте до мене, па дури и на 12.000 километри далечина“, порача тој преку социјалните мрежи.