На 8 април 2026 година во 14:50 часот, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода Д.К. (49) од Прилеп. Тој, околу 14:30 часот во семејниот дом, физички ја нападнал неговата 72-годишна мајка.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна кривична пријава.










