ПРВ.мк
Македонија

(ФОТО) Симбол на верата блесна над Скопје: Раштак и Скопска Црна Гора осветлени со 21-метарски крст!

(ФОТО) Симбол на верата блесна над Скопје: Раштак и Скопска Црна Гора осветлени со 21-метарски крст!
Kristal

Од минатата сабота, на празникот Митровден, небото над Раштак и Скопска Црна Гора доби нов блескав симбол – величествен крст висок 21 метар, кој во ноќта свети како духовен светилник над целиот регион.

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, ја сподели оваа вест преку својата објава на Фејсбук, истакнувајќи дека новиот крст претставува симбол на верата, силата и духовното единство на македонскиот народ.

„Овој крст не е само железо и светлина, тој е вера што нè води, надеж што нè обединува и љубов кон Бога што блеска над целото Скопје. Нека светлината од овој крст ги осветлува нашите души, домовите и патиштата по кои чекориме секој ден!“, напиша Стефковски во својата објава.

Градоначалникот додаде и порака исполнета со духовна сила: „Господ е со нас! Слава на Бога во висините!“

Поставувањето на овој монументален крст, кој со својата височина доминира над околината, се смета за нов духовен обележител на северниот дел од Скопје, а многумина веќе го нарекуваат „симбол на светлина и надеж за сите верници“.

Escape