Футсал машинеријата на КМФ Кеги Моби Велес продолжува без запирање! Во рамките на Првата футсал лига, нашите момци на гостински терен во Штип го совладаа КМФ Мал Ајакс со убедливи 2:5, покажувајќи дека оваа сезона се непоразени и со право седат на врвот на табелата.

Играчите одиграа дисциплинирано и борбено, со препознатливиот кеги-ритам уште од првата минута. Стрелци на головите за Кеги беа:
⚽ Гаштев Ангел (2’, 14’)
⚽ Андов Димче (11’)
⚽ Левков Петар (29’)
⚽ Димовски Стефан (32’)
За домашните, голови постигнаа Дурмишов Иса (14’) и Наков Тодор (20’).

Со оваа победа, Кеги Моби останува непоразен лидер во Првата македонска футсал лига, тим кој со секој натпревар ја потврдува својата класа, амбиција и голема спортска приказна што ја пишува оваа сезона!
❤️🤍 Наш клуб – наша гордост! ❤️🤍
















