ПРВ.мк
Економија

Соработка што ќе ја врати Македонија на економската мапа – Но тоа не е се!

Соработка што ќе ја врати Македонија на економската мапа – Но тоа не е се!
Kristal

По долг период на застој, Македонија и Катар најавуваат значително зајакнување на економската и трговската соработка, со нови проекти и можни инвестиции во неколку стратешки области.

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска оствари работна средба со Рашид Бин Саед Ал-Кајари, вршител на должност амбасадор на Катар. На состанокот, како што соопшти Министерството за транспорт и врски, било заклучено дека билатералните односи се стабилни, но има огромен потенцијал за дополнително продлабочување – особено во економијата, трговијата и туризмот.

Николоски нагласил дека Владата работи на амбициозна инфраструктурна програма, со посебен акцент на авиосообраќајот и туризмот, кои треба да станат двигатели на нови инвестиции.

– Македонија спроведува силни политики во областа на авиосообраќајот. Воспоставувањето директна авиолинија меѓу Скопје и Доха би било клучен чекор кон подобро поврзување на нашите земји, – изјавил Николоски.

На средбата се разговарало и за зголемување на соработката во транспортот и капиталните инвестиции. Вицепремиерот упатил покана до сите заинтересирани компании од Катар да се пријават на тековните меѓународни јавни повици што ги објавува Македонија.

– Соработката меѓу Македонија и Катар е од големо значење за економскиот раст и зацврстување на врските меѓу граѓаните. Верувам дека ова е почеток на една нова ера на партнерство и заемна поддршка, – потенцирал Николоски.

Се очекува во наредниот период двете држави да ја конкретизираат соработката преку нова авионска линија, зголемена трговска размена и заеднички инвестиции во инфраструктура и туризам.

Escape