ПРВ.мк
Македонија

Шокантно откритие во Македонија: АНБ ги шпионирал Курир, НетПрес и Република – новинари и уредници следени физички

Шокантно откритие во Македонија: АНБ ги шпионирал Курир, НетПрес и Република – новинари и уредници следени физички

Аферата со прислушувањето која ја потресе Македонија добива нови детали. Според неофицијални информации до кои дојде НетПрес, новинарските редакции на Курир, НетПрес и Република биле предмет на шпионска обработка од страна на тајната полиција – АНБ.

Досиеја за овие редакции биле оформени во АНБ, додека фирмите на порталите биле под интензивна истрага и од Финансиското разузнавање. Засега не е јасно дали двете институции координирале делување или делувале независно.

Новинарите, уредниците и директорите биле физички следени од десетина припадници на АНБ во период кога таму директорувал разузнавачки кадар на СДСМ, Виктор Димовски. Во операцијата голема улога имал и поранешниот висок функционер Јовче Ременски, сопруг на Фросина Ременски, позната од аферата „Рекет“.

Главната цел на АНБ била идентификација на „непријателски елементи“, кои, според нивната проценка, ги претставувале редакциите на овие три онлајн медиуми. Тие биле таргетирани за наводно уривање на тогашната власт, создавање негативно јавно мислење за евроинтеграциите и против Францускиот предлог во спорот со Бугарија.

Покрај медиумите, жртви на АНБ биле и политичари, меѓу кои претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, потпретседателот Александар Николоски и пратеникот Драган Ковачки. Бизнисменот Орце Камчев бил ставен под истрага врз основа на лажна белешка од вработен во АНБ, што довело до негов повеќемесечен притвор. Подоцна било утврдено дека белешката била лажна, а разузнавачот признал дека бил под притисок од претпоставените.

Видео:

Escape