ПРВ.мк
Култура

Продолжување на работната посета во Велес на министерот за култура и туризам Љутков – конзервација на Куќата на Апасиеви

Продолжување на работната посета во Велес на министерот за култура и туризам Љутков – конзервација на Куќата на Апасиеви

Во рамки на денешната работна посета на Велес, министерот за култура и туризам заедно со екипата на Националниот конзерваторски центар ја посети Куќата на Апасиеви, која од 2021 година е прогласена за културно наследство во опасност. Целта на посетата беше да се согледа тековната состојба и да се обезбедат услови за надминување на проблемите во реализацијата на конзерваторско-реставраторските процеси.

Министерството за култура и туризам обезбеди 4 милиони денари за целосна заштита на овој значаен архитектонски објект, кој претставува важен дел од културното наследство на Велес и потсетник на богатата градска историја.

Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape