Сообраќајна несреќа се случила утрово на Булеварот Патријарх Павле во Нови Сад, кога автобус удрил во неколку автомобили кои чекале на семафор.
Според првичните информации, непосредно пред судирот најверојатно настанал технички проблем со сопирачките на автобусот, поради што возачот не успеал да го запре возилото навреме. Ова довело до удар во колона возила што стоеле на црвено светло.

Во несреќата се повредени повеќе лица, но засега нема информации за потешки повреди. Екипа на Итната медицинска помош интервенирала веднаш по пријавата, околу 9 часот наутро.
Две лица биле згрижени директно на местото на настанот, додека уште три по првичниот преглед биле пренесени во Ургентниот центар, каде им е направена дополнителна дијагностика на хируршко одделение.

На местото пристигнале и надлежните служби кои работат на расчистување на случајот и утврдување на точните причини за несреќата. Неофицијалните информации за дефект на кочниците засега не се потврдени од институциите.
Инцидентот предизвикал застој во сообраќајот, додека траела интервенцијата и увидот. Повеќе детали се очекуваат во текот на денот.







