ПРВ.мк
Македонија

Таткото на Васил кој ја усмрти Фросина не признава вина пред судот

Таткото на Васил кој ја усмрти Фросина не признава вина пред судот

Зоран Јованов, татко на Васил Јованов, денеска пред Основниот кривичен суд во Скопје изјави дека не се чувствува виновен и дека не разбира што точно му се става на товар. Тој е обвинет за „загрозување на безбедноста на сообраќајот со опасно дејствие или средства“ по трагичниот инцидент во кој неговиот син, управувајќи автомобил без дозвола и под дејство на алкохол, ја усмрти Фросина Кулакова на улицата „Партизанска“.

Според Обвинението, Зоран Јованов, кој е воено лице, му го дал автомобилот на Васил и покрај тоа што знаел дека неговиот син нема возачка дозвола и претходно имал прекршоци. Обвинителот Александар Марковски посочи дека родителската попустливост на Јованов придонела за создавање на опасната состојба.

– Во случајот станува збор за ноторен факт – татковата љубов спрема синот единец била голема, но резултирала со несреќна пропустливост кон син кој се оддал на пороци, рече обвинителот. Тој додаде дека, иако обвинетиот е офицер за пример во македонската Армија, судот нема да ја оценува неговата професионалност, туку постапките како родител.

Адвокатот Сашко Дуковски, застапник на Јованов, го оцени обвинението како правно неосновано и најави дека ќе бара детално образложение за секој доказ.

– Се работи за правен преседан незабележан во македонската правна историја – да го товарите таткото за дејствија на неговиот полнолетен син, нагласи Дуковски.

Обвинението против Зоран Јованов следува откако неговиот син Васил, во јануари годинава, управувајќи автомобил без дозвола и под дејство на алкохол, удри во пешакот Фросина Кулакова, која почина на самото место. На изминатото рочиште обвинителниот предлог бил изменет од „предизвикување општа опасност“ во „загрозување на безбедноста на сообраќајот со опасно дејствие или средства“ врз основа на новоприбавени докази.

Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape