ПРВ.мк
Македонија

Малолетник со убодна рана итно пренесен во болница – полицијата го истражува случајот

Малолетник со убодна рана итно пренесен во болница – полицијата го истражува случајот

Петнаесетгодишен жител на Скопје ноќеска бил примен во Јавната здравствена установа „Св. Наум Охридски“ со убодна рана во пределот на градниот кош, по што за случајот била известена полицијата.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, пријавата во СВР Скопје пристигнала околу 01:12 часот, откако медицинскиот персонал го примил повредениот малолетник.

Во разговор со полициските службеници, момчето изјавило дека повредата ја добило во населбата Гази Баба и дека друг малолетник, кого го познавал, го повредил со остар предмет. Според неговото тврдење, инцидентот се случил за време на игра и немало намера некој да биде повреден.

Од МВР информираат дека се преземаат сите неопходни мерки за целосно расчистување на околностите под кои се случил настанот.