Општина Кавадарци започна со реализација на активности за обележување на хоризонталната сигнализација на повеќе локации низ градот. Главната цел на овие активности е зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот и подобрување на патната инфраструктура.


Работните активности во оваа фаза ги опфаќаат следните улици:
- улица Гоце Делчев
- улица Ѓуро Салај
- улица 2-ра Бригада
- улица Народен фронт
- улица Ресавска
Проектот предвидува исцртување на пешачки премини, линии за запирање и останата патна сигнализација, соодветно на сообраќајните стандарди и прописи.
Се молат граѓаните на Кавадарци и сите возачи кои транзитираат низ овие делови од градот да покажат зголемена внимателност и да ја почитуваат поставената сигнализација додека траат активностите на терен.






