Двајца осуденици побегнале во текот на ноќта меѓу четвртокот и петокот од Окружниот затвор во Прокупље, потврдија од Управата за извршување на кривични санкции.
Како што е соопштено, станува збор за затвор од полуотворен тип, во кој се упатуваат лица кои за првпат се осудени на пократки затворски казни за полесни кривични дела. Бегството, според достапните информации, било изведено од собата во која биле сместени осудениците.
По инцидентот, Управата за извршување на кривични санкции наложи вонреден инспекциски надзор за да се утврдат сите околности под кои дошло до бегството.
Вработените ќе бидат санкционирани „Сите вработени за кои ќе се утврди дека евентуално направиле пропусти во работата ќе бидат санкционирани во согласност со законот“, наведоа од Управата.
Од Управата потсетија и дека затворот во Прокупље се наоѓа во објект изграден уште во 1878 година, како и дека претходно било планирано негово изместување од постојната зграда.
Според неофицијални сознанија, одбегнатите затвореници служеле казни за кражба, а посебно изненадува податокот дека на едниот од нив до истекот на казната му преостанувале само неколку месеци, односно околу четири месеци.








