ПРВ.мк
Македонија

Санкционирани 105 возила за непрописно паркирање во Центар – „Пајакот“ на терен секојдневно

Санкционирани 105 возила за непрописно паркирање во Центар – „Пајакот“ на терен секојдневно

Во периодот од 9 до 14 септември 2025 година, ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ (ПОЦ), во соработка со СВР Скопје, отстрани 105 непрописно паркирани возила со специјалните возила „пајак“. Возилата биле паркирани на места каде го попречувале нормалниот и безбеден сообраќај.

Од ПОЦ истакнуваат дека решението на долг рок лежи во зголемување на сообраќајната култура кај граѓаните, а најавуваат дека контролите и санкционирањето ќе продолжат и во наредниот период.

Целта на засилените активности е подигање на јавната свест, зголемување на безбедноста и намалување на сообраќајниот метеж во централното градско подрачје.

Escape