ПРВ.мк
Македонија

Над 4 тони марихуана и повеќе од 21 килограм друга дрога уништени во Скопје!

Над 4 тони марихуана и повеќе од 21 килограм друга дрога уништени во Скопје!

Денеска, во присуство на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и раководството на МВР, голема количина дрога и оружје беше уништена во електропечката на Макстил во Скопје.

Уништени се над четири тони марихуана, 18.000 стебла марихуана, над 79 килограми цвет од марихуана, како и повеќе од 21 килограм други дроги, вклучувајќи амфетамини, хероин и кокаин. Дополнително, беа уништени над стотина парчиња оружје и повеќе од 1.000 чаури.

Министерот Тошковски порача дека со секој уништен грам дрога и оружје се зголемува безбедноста на граѓаните и најави продолжување на напорите за борба против криминалот.

Escape