ПРВ.мк
Македонија

АПСОЛУТНО ШОКАНТНО: Казната за убиецот од Виничани намалена, и покрај намерното убиство

АПСОЛУТНО ШОКАНТНО: Казната за убиецот од Виничани намалена, и покрај намерното убиство

Скопска Апелација ја намали затворската казна на Саше Крстев (27) од село Виничани, од 13 на 11 години, постапувајќи по жалбата на обвинетиот. Крстев беше осуден за кривичното дело убиство поради инцидент кој се случи на 19 јули 2023 година околу 15 часот.

Според обвинувањата, по меѓусебна расправија заради водоводна цевка, Крстев со автомобил марка „Фиат Панда“ директно налетал на Ангел Цековски (43), кој починал на лице место. Обвинението наведува дека обвинетиот целосно бил пресметлив во моментот на делото и намерно го насочил возилото кон починатиот, избегнувајќи го таткото, со цел да му нанесе смртни повреди.

Одбраната на Крстев тврдела дека станува збор за сообраќајна несреќа, а не за убиство, но Апелацијата не ја прифати оваа теза. Сепак, по жалбата, судот одлучи да ја намали казната од 13 на 11 години затвор. Овој случај предизвика силни реакции во јавноста поради намалената казна и околностите на стореното дело.

Escape