ПРВ.мк
Македонија

ТОШКОВСКИ СО МОЌНА ПОРАКА: Нема иднина за дрога и нелегално оружје во Македонија

ТОШКОВСКИ СО МОЌНА ПОРАКА: Нема иднина за дрога и нелегално оружје во Македонија

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска упати јасна порака од кругот на фабриката „Макстил“ каде што беа уништени големи количини дрога и оружје – дрогата и нелегалното оружје во Македонија немаат иднина.

Според него, со уништување на секој грам дрога и секое парче оружје, државата ја подига безбедноста на граѓаните и особено на младите.

Во денешната акција беа уништени над 4.000 тони марихуана, 18.000 стебла марихуана, 79 килограми цвет, повеќе од 21 килограм други видови дрога – амфетамини, кокаин, хероин – како и над 100 парчиња оружје и над 1.000 чаури и компоненти.

„Овие се постари количества дрога и оружје за кои има правосилни судски постапки. Но во иднина ќе следуваат уште многу поголеми акции“, истакна Тошковски.

Тој им порача на граѓаните кои биле изложени на притисок од криминални групи во Скопје, Западна Македонија и Југоистокот, дека државата активно ги решава овие случаи и дека сите запленети количества ќе бидат уништени.

Силната порака на министерот е дека Македонија нема да дозволи криминалот да има иднина во земјата.

Escape