Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху категорично ги отфрли обвинувањата дека намерно ја одолговлекува војната во Газа заради политички интереси. Тој потсети дека уште „денот по почетокот на војната“ најавил дека овој конфликт ќе го промени „лицето на Блискиот Исток“.
Во интервју за Канал 13, Нетанјаху истакна дека Израел не се бори само против Хамас, туку против целата „иранска оска“.
„Ги елиминиравме компонентите еден по еден. Прво се справивме со Хамас, потоа ја презедовме контролата врз Рафа и Филаделфискиот коридор, продолживме кон север со ‘Операцијата Пејџер’ против Хезболах и напредувавме. Како резултат на тоа, падна и сирискиот претседател Башар ал-Асад. Сите овие чекори беа насочени кон разбивање на иранската оска која се подготвуваше да го уништи Израел“, изјави Нетанјаху.
Тој нагласи дека целта на војната не е политика, туку безбедноста и опстанокот на израелската држава.