Руската служба за надворешно разузнавање (СВР) обвинува дека протестите во Србија се дел од субверзивна акција организирана од Европската Унија. Според СВР, ЕУ се обидува да го изврши таканаречениот „српски Мајдан“ со цел да донесе на власт во Србија раководство лојално на Брисел.
Во соопштението на руската разузнавачка служба се истакнува дека во немирите во Србија активно учествуваат млади луѓе, а дека тоа е резултат на активности на земјите членки на ЕУ кои сакаат да влијаат на политичката сцена во најголемата балканска земја.
Терминот „Мајдан“ потекнува од Украина, каде во 2013 година започнаа масовни протести против одлуката на тогашната влада да не потпише договор за поблиска соработка со Европската Унија. Руската служба ја поврзува оваа историска паралела со случувањата во Србија, предупредувајќи на обид за промена на власта преку улица и протест.