40-годишна жена од Велес била лишена од слобода откако, по претходна расправија, физички го нападнала својот 43-годишен сопруг и му упатувала закани. Случајот бил пријавен во полиција од страна на сопругот.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил на 4 ноември 2026 година, а полициските службеници од Секторот за внатрешни работи Велес ја привеле Е.Н. (40) во 12:40 часот.
„На 04.11.2026 во 12:40 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес ја лишија од слобода Е.Н. (40) од Велес, постапувајќи по претходна пријава дека по кратка расправија физички го нападнала нејзиниот 43-годишен сопруг и му се заканувала“, информираат од полицијата.
За случајот биле известени јавен обвинител и Центарот за социјални работи во Велес.
Од СВР Велес најавуваат дека по целосното документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок.






