ПРВ.мк
Македонија

МУ ВЕТИЛ РАБОТА, ПА МУ ЗЕЛ НАД 110.000 ДЕНАРИ: 43-годишник пријавен за измама!

МУ ВЕТИЛ РАБОТА, ПА МУ ЗЕЛ НАД 110.000 ДЕНАРИ: 43-годишник пријавен за измама!

43-годишен жител на гостиварското село Долна Бањица се соочува со кривична пријава поради сомнение дека измамил лице ветувајќи му дека ќе започне со работа во неговата фирма, а за возврат му побарал и добил 110.700 денари.

Како што информира Министерството за внатрешни работи, Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднела кривична пријава против Д.Т. (43) од Долна Бањица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.

Според пријавеното, на 22 јули 2026 година, осомничениот довел во заблуда лице кое е сопственик и управител на правно лице, ветувајќи му дека ќе започне да работи во неговата фирма.

За да го реализира наводниот договор, Д.Т. побарал од него да му исплати парични средства во износ од 110.700 денари. Лицето му ги предало парите, по што случајот бил пријавен во полиција.

Од МВР информираат дека против 43-годишникот е поднесена кривична пријава за сомнение за измама.