ПРВ.мк
Македонија

БУРТАЛНА КРАЖБА ВО ДОМ НА СТАРА ЖЕНА: Со сила ѝ одзеле пари и накит!

БУРТАЛНА КРАЖБА ВО ДОМ НА СТАРА ЖЕНА: Со сила ѝ одзеле пари и накит!

84-годишна жена од Скопје била жртва на насилен грабеж во сопствениот дом во скопската населба Бутел. Две лица влегле во нејзиниот дом и со употреба на физичка сила ѝ одзеле пари и личен накит.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен ноќеска, околу 00:35 часот, во Секторот за внатрешни работи Скопје.

Во полицискиот билтен се наведува дека ограбена била К.М. (84), жителка на Скопје, во чиј дом на подрачјето на Бутел две лица насилно ѝ одзеле пари и накит.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот, утврдување на сите околности и пронаоѓање на сторителите.