ПРВ.мк
Македонија

ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО: Утрото дождливо, но еве какво време не очекува попладне!

ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО: Утрото дождливо, но еве какво време не очекува попладне!

Времето денеска, 26 септември, ќе биде променливо облачно и значително посвежо, по обилните врнежи што ја зафатија земјава во текот на петокот и продолжија во текот на ноќта. Во претпладневните часови сè уште се очекуваат повремени локални врнежи од дожд, а во текот на денот тие постепено ќе престануваат.

Според Управата за хидрометеоролошки работи, денот ќе помине со претежно облачно и посвежо време, додека подоцна облачноста постепено ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималните температури ќе се движат од 7 до 14 степени, додека максималните дневни температури ќе достигнат од 14 до 21 степен. Температурите ќе бидат пониски од вообичаените за овој период од годината.

Во Велес денот ќе започне со облачно и посвежо време, а во утринските и претпладневните часови можна е повремена појава на дожд. Во продолжение на денот се очекува постепено намалување на облачноста и стабилизирање на временските услови. Ќе дува слаб до умерен ветер, што дополнително ќе придонесува за посвежо чувство.

Циклонската активност во изминатото деноноќие донесе пообилни врнежи во повеќе делови од земјава. На одделни места се очекуваше количество дожд поголемо од 30 литри на квадратен метар, додека на повисоките планини, над 2.000 метри надморска височина, постоеше можност и за провејување снег.

По денешното посвежо и нестабилно време, од недела се очекува постепено стабилизирање на временската состојба. Ќе има повеќе сончеви интервали, но утрата ќе останат постудени со пониски минимални температури.