Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Македонија бележи повисока куповна моќ од сите земји во регионот, како и од неколку членки на Европската Унија, повикувајќи се на најновите економски показатели.
Одговарајќи на критиките од опозицијата за животниот стандард, тој истакна дека официјалните статистички податоци покажуваат поинаква слика и дека, според него, земјата бележи значителен напредок во споредба со периодот од пред неколку години.
Слична оценка претходно изнесе и гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, кој наведе дека минималната плата во Македонија, пресметана според стандардот на куповна моќ, е повисока од онаа во седум земји членки на Европската Унија, како и од сите држави од Западен Балкан и Турција.
Од друга страна, СДСМ ги оспори ваквите тврдења, оценувајќи дека статистиката не ја отсликува реалната економска состојба и секојдневните предизвици со кои се соочуваат граѓаните.
Според последните податоци на Евростат, Македонија е рангирана пред Малта, Словачка, Унгарија и Чешка според куповната моќ, а воедно бележи и најголем раст на минималната плата меѓу анализираните земји во периодот од јануари до јули 2026 година.









