Деветнаесетгодишен жител на Скопје е приведен откако, според информациите од Министерството за внатрешни работи, со автомобил удрил во пешак и потоа избегал од местото на сообраќајната несреќа.
Од МВР соопштија дека инцидентот се случил на 5 август околу 21:20 часот на крстосницата меѓу улиците „Борис Сарафов“ и „Крсто Раковски“. Осомничениот, идентификуван како Н.Н. (19), управувал патничко возило „Фиат Пунто“, при што удрил во 48-годишната А.С.К. од Скопје.
По несреќата, возачот го напуштил местото на настанот, но по преземени мерки од страна на полицијата бил пронајден и лишен од слобода.
Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни законски мерки против осомничениот.









