ПРВ.мк
Балкан

Страшна сообраќајна несреќа: Загинаа двајца работници, сообраќајот е во прекин

Страшна сообраќајна несреќа: Загинаа двајца работници, сообраќајот е во прекин

Двајца работници од компанијата „Сигнал Сомбор“, која се занимава со поставување и одржување на сообраќајна сигнализација, загинаа во тешка сообраќајна несреќа на автопатот Шабац–Лозница.

Според првичните информации, камион кој се движел во правец од Шабац кон Лозница удрил во службено возило на компанијата, а потоа и во работниците кои во тој момент извршувале работни задачи на коловозот.

Двајцата работници им подлегнале на повредите на местото на несреќата. Поради трагедијата, сообраќајот на оваа делница е целосно запрен и се пренасочува по стариот пат меѓу Шабац и Лозница.

Полицијата изврши увид на местото на несреќата и започна истрага за утврдување на сите околности под кои се случил инцидентот. Возачот на камионот е лишен од слобода и против него ќе следува соодветна постапка.