Фондот за здравствено осигурување најавува чистење на листата на осигуреници, откако е утврдено дека државата плаќа здравствено осигурување за лица кои не живеат во Македонија или остваруваат приходи што не ги пријавуваат.Од вкупно 1,8 милиони осигуреници, речиси половина милион се невработени – бројка што, според директорот Сашо Клековски, не ја одразува реалната состојба.
„Меѓу нив има луѓе кои живеат во странство, работат за странски компании или заработуваат преку онлајн платформи, а кај нас се водат како невработени“, изјави Клековски.
Проверките ќе започнат во февруари 2026 година, со вкрстување на податоците од УЈП и МВР, за да се утврди кој навистина има право на државно осигурување.
Голем дел од злоупотребите се поврзани со гастарбајтери кои, кога доаѓаат во Македонија, користат бесплатно стоматолошко лекување, поради што од Фондот велат дека трпат значителни финансиски загуби.
















