ПРВ.мк
Македонија

Злоупотреба на лични податоци во Кавадаречко училиште- две жени се осомничени!

Злоупотреба на лични податоци во Кавадаречко училиште- две жени се осомничени!
Kristal

Голем скандал ја потресе една основна школа во Кавадарци, откако полицијата поднесе кривични пријави против две жени, вработени во истото училиште. Наставничка и директорка се осомничени дека неовластено пристапиле до приватен профил на нивна колешка на социјална мрежа, фотографирале лични разговори и ги споделувале со други вработени.

Според информациите од Секторот за внатрешни работи Велес, денеска ОВР Кавадарци поднел кривични пријави до Основното јавно обвинителство Кавадарци против В.Т. (47) и М.Т. (52), двете од Кавадарци. Тие се осомничени за „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“ (член 251) и „злоупотреба на лични податоци“ (член 149) од Кривичниот законик.

Според истрагата, В.Т., која работи како наставничка во училиштето, на 4 септември 2025 година во една од училниците го нашла отворен приватниот профил на колешка на службен лаптоп и неовластено ги фотографирала нејзините лични разговори. Намерата ѝ била да ги предаде тие фотографии на директорката М.Т., која потоа ги проследила на други вработени.

Но, тоа не било сè. Наставничката подоцна успела да ја пронајде и лозинката од профилот на оштетената колешка. На 5 и 7 септември, таа повторно влегла во нејзиниот профил, направила нови фотографии од приватни пораки и повторно ги предала на директорката.

Кулминацијата на случајот се случила на 19 септември, на седница на наставнички совет, кога оштетената наставничка јавно укажала дека некој фотографирал и споделувал нејзини лични пораки. Наместо поддршка, директорката М.Т. ѝ се заканила, велејќи дека доколку пријави, ќе ги испрати сите пораки што ги поседува до други колеги.

Случајот предизвика огромна реакција во јавноста и ја отвори темата за заштита на приватноста на работното место, особено во образовните институции. Полицијата најави дека ќе продолжи со собирање на докази и дека одговорните ќе се соочат со целосна кривична одговорност.

Не дознавај последен- читај ПРВ.мк

Escape