ПРВ.мк
Македонија

ПОЛИЦИЈАТА ВО АКЦИЈА: Маж фатен пред ноќен клуб со пиштол - истрагата откива сериозни детали!

ПОЛИЦИЈАТА ВО АКЦИЈА: Маж фатен пред ноќен клуб со пиштол - истрагата откива сериозни детали!
Kristal

Американски државјанин со нигериско потекло се најде во центарот на сериозен безбедносен инцидент во Скопје, откако бил приведен пред ноќен клуб во Градскиот парк поради напад врз полициски службеник и нелегално поседување оружје. Случајот предизвика големо внимание поради количината и видот на пронајденото оружје.

Инцидентот се случил во раните утрински часови на 21 декември, кога полициски службеник се обидел да изврши легитимирање на лицето. Наместо да постапи по службената наредба, осомничениот реагирал агресивно и физички го нападнал полицаецот, нанесувајќи му телесни повреди со удари со тупаници. По кратка интервенција, тој бил совладан и лишен од слобода.

При претрес извршен веднаш по апсењето, кај осомничениот бил пронајден полуавтоматски пиштол марка „Глок“ калибар 9 милиметри, како и две рамки наполнети со по 30 куршуми. Откритието го засилило сомнежот кај надлежните дека станува збор за сериозна закана по јавната безбедност.

По дополнителни проверки, било утврдено дека лицето престојувало во хостел во Скопје. По наредба на јавен обвинител, полицијата извршила претрес и во собата каде што престојувал. Таму биле пронајдени уште еден пиштол „Глок“, три рамки со по 15 куршуми, дополнителни 75 куршуми спакувани во ќеси, како и опрема за чистење оружје.

Покрај огненото оружје и муницијата, во просторијата биле откриени и три ножа, фантомка, тактички ракавици, бандажери за раце, сајли за врзување, како и усб-уреди и разни документи. Сите предмети се одземени и ќе бидат предмет на дополнително вештачење.

Основното јавно обвинителство Скопје отвори истражна постапка против осомничениот за неовластено држење и тргување со оружје и експлозивни материи, како и за напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста. До судијата на претходна постапка е поднесен предлог за определување мерка притвор, поради опасност од бегство, можност за влијание врз сведоци, прикривање докази и ризик од повторување на кривичното дело.

FixCredit
Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape