ПРВ.мк
Македонија

Полицијата упадна во стан во Скопје: Запленета огромна количина дрога, две лица приведени (ВИДЕО)

Полицијата упадна во стан во Скопје: Запленета огромна количина дрога, две лица приведени (ВИДЕО)

Во голема полициска акција во Скопје, полицијата открила поголема количина наркотични средства, а две лица се приведени.

Според информациите од МВР, по претходно обезбедена судска наредба бил извршен претрес во стан што го користеле две лица, кои претходно биле лишени од слобода.

При претресот биле пронајдени и одземени околу 11,5 килограми марихуана, 400 грама кокаин, како и амфетамин, екстази, ЛСД, хашиш масло и халуциногени печурки.

Од МВР информираат дека приведените се задржани во полициска станица, а до надлежното Основно јавно обвинителство е поднесена кривична пријава по итна постапка.