ПРВ.мк
Спорт

ФИФА се пофали со чипот во топката, но го занемари сопственото правило и ја оштети Хрватска

ФИФА се пофали со чипот во топката, но го занемари сопственото правило и ја оштети Хрватска

Елиминацијата на Хрватска од Светското првенство продолжува да предизвикува реакции, откако во јавноста се појавија тврдења дека спорната судиска одлука не била во согласност со правилата на ФИФА.

Контроверзијата се однесува на поништениот гол на Хрватска, кога системот со чип во топката регистрирал минимален контакт со Игор Матановиќ, по што бил досуден офсајд и погодокот не бил признат.

Сепак, според правилата на ФИФА, допир со коса не треба да се смета за контакт доколку не влијае на движењето на топката. Во правилникот е наведено дека косата се смета за дел од телото само ако има значително влијание врз нејзината траекторија.

Поради тоа, дел од јавноста и фудбалските аналитичари сметаат дека голот не требало да биде поништен и дека Хрватска можеби била оштетена со ваквата одлука, што повторно ја отвори дебатата за примената на технологијата и судиските интерпретации на најголемата светска фудбалска сцена.