Кина тестира необичен систем за справување со екстремните горештини, кој деновиве привлече големо внимание на социјалните мрежи.
Во неколку станбени комплекси се поставени млазници на покривите кои распрскуваат фина водена магла. Наместо да ги лади становите директно, системот има цел да ја намали температурата на воздухот околу зградите преку процес на испарување.
Според првичните информации, на овој начин температурата во околината може да се намали и до осум степени Целзиусови во денови со екстремни горештини.

Иако снимките предизвикаа голем интерес ширум светот, експертите посочуваат дека сè уште нема доволно податоци за тоа колку системот е ефикасен, колкава е неговата потрошувачка на вода и дали може да се примени во поголем обем.
И покрај тоа, Кина веќе го тестира овој концепт во повеќе градови, во обид да најде нови решенија за справување со сè почестите топлотни бранови.








