Според најновата прогноза на Управата за хидрометеоролошки работи, во наредните денови ќе преовладува претежно сончево време со мала до умерена облачност.
Ќе дува слаб до умерен северен ветер, кој на одредени места повремено ќе биде засилен и ќе достигнува брзина до 50 километри на час.
Утринските температури ќе се движат од 8 до 21 степен, додека дневните ќе достигнуваат од 23 до 33 степени.
Во Скопје се очекува сончево време со умерена облачност и повремено засилен северен ветер.
Според УХМР, во текот на следната седмица времето ќе остане претежно стабилно, но во попладневните часови ќе има услови за локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, при што најголема веројатност за нестабилност има во вторник.









