ПРВ.мк
Македонија

Лоши вести за Македонците кои планираат работа во Германија: Се подготвуваат големи промени

Лоши вести за Македонците кои планираат работа во Германија: Се подготвуваат големи промени

Македонските граѓани кои планираат да заминат на работа во Германија би можеле да се соочат со построги услови, откако германската влада најави намалување на квотата за работници од земјите од Западен Балкан.

Според најавите, бројот на лица кои ќе можат да се вработат преку Западнобалканската регулатива би се намалил од 50.000 на 25.000 годишно. Оваа програма им овозможува на граѓаните од Северна Македонија и другите земји од регионот да работат во Германија доколку имаат понуда за работа и одобрение од надлежните институции.

Доколку измените стапат во сила, тоа би значело поголема конкуренција, подолго чекање за одобренија и помали шанси за добивање работна дозвола.

И покрај најавите, промените сè уште не се официјално усвоени. Германските власти посочуваат дека за нивно спроведување се потребни законски измени, а засега нема утврден рок кога тие би биле донесени.

Во меѓувреме, дел од германските работодавачи предупредуваат дека ваквиот потег може дополнително да го продлабочи недостигот на работна сила во сектори како градежништвото, угостителството и услужните дејности, каде што работниците од Западен Балкан имаат значајна улога.