ПРВ.мк
Македонија

Анкета открива изненадувачки тренд: Најмногу граѓани велат дека нема да гласаат, а еве кој ја има најголемата доверба

Анкета открива изненадувачки тренд: Најмногу граѓани велат дека нема да гласаат, а еве кој ја има најголемата доверба

Најновата анкета спроведена за МКД.мк покажува дека најголем дел од анкетираните, односно 28 проценти, изјавиле дека нема да гласаат на следните избори.

Според резултатите, меѓу политичките партии најголема поддршка има ВМРО-ДПМНЕ со 20,5 проценти, по што следуваат СДСМ со 6,2 проценти и Левица со 2,9 проценти. Кај гласачите од албанскиот политички блок, ДУИ има поддршка од 12,1 процент, додека ВЛЕН 10,7 проценти.

Во делот за доверба во партиските лидери, највисок рејтинг има Христијан Мицкоски со 23,3 проценти. Зад него се Али Ахмети со 5,5 проценти и Венко Филипче со 5,1 процент.

Анкетата е спроведена од агенцијата „Маркет Вижн“ на репрезентативен примерок од 1.200 испитаници во периодот од 10 до 27 јуни.

Извор: MKD.mk