34-годишна жена од охридско село била лишена од слобода откако била пријавена дека физички ја нападнала својата 72-годишна свекрва.
Според информациите од полицијата, на 14 август околу 09:40 часот, полициски службеници од СВР Охрид ја лишиле од слобода Т.Д. (34), постапувајќи по претходно добиена пријава.
Според пријавеното, жената во семејниот дом физички ја нападнала својата 72-годишна свекрва.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно документирање на настанот, по што против 34-годишната жена ќе биде поднесен соодветен поднесок.







