ПРВ.мк
Македонија

Подгответе се за голема промена: Од вторник пристигнува студено време, Македонија очекува пад на температурите

Подгответе се за голема промена: Од вторник пристигнува студено време, Македонија очекува пад на температурите
Escape

По периодот на високи температури и силен топлотен бран со африканско потекло што го зафати поголемиот дел од Европа, кон средината на следната недела ни се најавува значително заладување. Ладен атмосферски фронт од северозапад, кој ќе почне да се движи од 8 јули (вторник), ќе го зафати целиот европски континент, вклучувајќи го и Балканот, односно Македонија.

Овој фронт ќе донесе пад на температурите и тоа за повеќе од 15 степени во многу делови од Европа и Балканот, како и обилни врнежи и временски непогоди. Во Алпскиот регион се очекуваат и снег и формирање на снежна покривка поради значителното заладување.

И во нашиот регион, односно во Македонија, веќе во недела, 6 јули, во попладневните часови се очекува локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и можност за краткотрајно невреме со град.

Потоа, од средината на следната недела, ќе следи значително освежување на времето со голем пад на температурите и засилен северен ветер, што ќе донесе многу пониски температури во целата земја.

Подгответе се за оваа голема промена и за прилагодување на облеката и плановите според новите временски услови!

Mia Home Mavrovo