Руте Кардозо, сопругата на фудбалерот Диого Жота, заедно со неговите родители, вчера попладне беше во Шпанија каде ги подигнаа телата на Диого Жота и неговиот брат Андре Силва, кои загинаа во тешка сообраќајна несреќа.
Во мртовечницата, тие беа придружувани од членови на семејството и блиски пријатели. Новинарските екипи ги снимиле Руте и мајката на двајцата браќа како скршени од болка излегуваат од просторијата и влегуваат во автомобилите каде беа телата на Диого и Андре, по што заминаа.
Според португалските медиуми, погребот на двајцата браќа е закажан за утре во 11 часот.
Руте и Диого се венчаа на 22 јуни, по долгогодишна врска. Парот беше заедно од тинејџерските години и имаат три деца – два сина и ќерка.
Оваа трагедија ги потресе фудбалските фанови ширум светот, а семејството во овој тежок момент доби голема поддршка од јавноста.
ВИДЕО