ПРВ.мк
Свет

Аларм од СЗО: Смртоносната ебола се шири – стотици жртви!

Аларм од СЗО: Смртоносната ебола се шири – стотици жртви!

Светска здравствена организација прогласи меѓународна здравствена тревога поради ширењето на Ебола во Демократска Република Конго, каде ситуацијата станува сè посериозна. Според последните податоци, бројот на сомнителни случаи надминал 900, додека повеќе од 200 лица веќе го загубиле животот.

Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, предупреди дека заразата се шири брзо и покрај мерките што се преземаат за нејзино сузбивање. Тој истакна дека постои реална опасност ситуацијата дополнително да се влоши.

Особена загриженост предизвикува фактот што актуелната епидемија е поврзана со сојот Бундибугио, за кој засега не постојат ниту одобрена вакцина ниту ефикасен третман. Овој сој има смртност од околу 50 проценти, но историски гледано, некои форми на вирусот достигнувале и до 90 проценти смртност.

Локалните власти ја прогласиле епидемијата во средината на мај, по што биле активирани дополнителни здравствени мерки. Сепак, предизвиците остануваат големи, особено поради ограничените ресурси и ризикот од ширење во други региони.

Меѓународната заедница внимателно ја следи состојбата, додека експертите предупредуваат дека брзата реакција и координацијата се клучни за спречување на поголема здравствена криза.