Лени Ангелоска-Здравеска од Гостивар јавно побарала институционална реакција по инцидент во кој, според нејзините тврдења, таа и нејзините две малолетни деца биле нападнати од агресивни кучиња во селото Другово.
Настанот се случил на 22 мај, кога таа излегла на кратка прошетка со децата. Како што опишува, ситуацијата брзо ескалирала кога кучињата почнале да се однесуваат агресивно.
Во обид да ги заштити, таа го кренала помалото дете во раце, додека со другата рака го оттурнувала поголемото зад себе. Во еден момент, едно од кучињата го оттурнало детето од нејзината прегратка, при што тоа паднало на тврда подлога.
Според нејзините наводи, нападот продолжил и со второ куче, кое дополнително ја оттурнувало и го влечело детето по земјата. Ситуацијата станала уште поопасна кога во близина застанало возило, при што детето речиси завршило под тркалото.
Со голем напор, таа успеала да го извлече детето и да се засолни во двор на соседна куќа, но кучињата продолжиле да се враќаат кон нив.
Детето било пренесено во Медицински центар Кичево, каде му биле констатирани повреди. Таа наведува и дека сопственикот на кучињата не покажал никаква загриженост за случувањето.
Случајот бил пријавен во Министерство за внатрешни работи, а таа дала и официјална изјава. Со својата објава, таа апелира дека вакви инциденти не смеат да се игнорираат, бидејќи можат да имаат сериозни последици.
ЦЕЛА ОБЈАВА






