ПРВ.мк
Свет

Москва во паника: Азербејџан удри по Путин, нова сила влегува на голема врата на Кавказот

Москва во паника: Азербејџан удри по Путин, нова сила влегува на голема врата на Кавказот
Escape

Москва во паника: Азербејџан удри по Путин, Турција влегува на голема врата на Кавказот

Најновата дипломатска бура меѓу Русија и Азербејџан открива длабока промена на геополитичката мапа на Кавказот. Поводот за кризата – уривање на азербејџански авион од руски ракети – само го отклучи тензиите што со години тлееле под површината.

Она што следуваше беше уште позагрижувачко за Кремљ: Русија уапси неколку азербејџански државјани, од кои двајца починаа по испитувањето, а Баку возврати со апсење на новинари од „Спутник“. Овој неочекуван потег на Азербејџан ги изненади руските власти – и покажува дека Баку повеќе не игра под диктат на Москва.

Според аналитичарите, Турција сè појасно станува главниот играч на Кавказот. Со длабоки врски со Баку и обиди за помирување со Ерменија, Анкара станува регионален арбитер, а Русија – ослабена од војната во Украина и санкциите – сè потешко го задржува влијанието во своето традиционално „двориште“.

Во меѓувреме, Азербејџан економски расте и веќе не се плаши да преземе храбри политички чекори. Бојкотот на руски културни настани, затворањето на руски образовни програми и мобилизациските повици до дијаспората – сето тоа зборува за длабок антагонизам што не може лесно да се прикрие.

Иако можен е краткотраен компромис, јасно е дека Русија губи моќ. Путин доживеа сериозен удар – и овој пат, не од НАТО, туку од еден поранешен пријател.

Mia Home Mavrovo