ПРВ.мк
Свет

Облак како цунами ја пресече Португалија – 200 километри долга природна сензација го воодушеви народот

Облак како цунами ја пресече Португалија – 200 километри долга природна сензација го воодушеви народот
Escape

Туристите и жителите на северна и централна Португалија останаа без зборови кога на небото над брегот се појави масивен облак што изгледаше како вистинско цунами. Станува збор за ретка појава позната како „облачна волнa“ или „волутус“ – феномен кој создава цевчест облак што се движи со импресивна брзина и не ја менува формата стотици километри.

Спектаклот се случи за време на силен топлотен бран, кој ги натера Португалците да бараат освежување покрај океанот. Она што го дочекаа на плажите беше повеќе од освежување – облакот со должина од околу 200 километри изгледаше како да „се тркала“ низ небото со зачудувачки ефект на движење сличен на морско цунами.

„Се појави како ѕид од небо, тркалаше како бран, ама беше тивко и величествено“, изјави еден очевидец на платформата X (поранешен Твитер).

Според Германското метеоролошко друштво, ваквите облаци се формираат кога ладен и топол воздух се судираат на гранична линија, најчесто при стабилни временски услови. Иако изгледаат драматично и можат да се движат со брзина до 60 км/ч, тие се целосно безопасни.

Ова не е првпат ваква појава да го привлече вниманието на јавноста – во август 2023 година ваков волутус бил забележан и над Средоземното Море, каде патувал над 400 километри без да ја изгуби формата.

Природата уште еднаш докажа дека знае да создаде глетки што ги надминуваат и најдобрите визуелни ефекти.

ВИДЕО

Mia Home Mavrovo