Поранешниот македонски кошаркар Перо Антиќ откри интересна случка од своите тинејџерски години, кога како 16-годишник завршил во полициска станица во Скопје.
Во гостувањето во српскиот подкаст „Јао Миле“, Антиќ раскажа дека токму таму добил силна шлаканица, која, како што вели, ја чувствувал уште два дена.
„Имав 16 години. Добив една шлаканица што ја чувствував два дена“, раскажа Антиќ, присетувајќи се на настанот од младоста.
Во разговорот поранешниот македонски репрезентативец се наврати и на други интересни моменти од својот живот и богатата кошаркарска кариера.
Антиќ зборуваше и за многу подоцнежниот инцидент во Њујорк, кога беше уапсен додека настапуваше во НБА-лигата.
Така, во подкастот тој сподели искуства од различни периоди од својот живот – од тинејџерските денови во Скопје, па сè до времето поминато во САД и настапите на најголемата кошаркарска сцена.







