Започна исплатата на јунските пензии, а дел од пензионерите веќе можат да располагаат со средствата на своите трансакциски сметки.
Од денес, 29 јуни, пензиите се достапни за корисниците кои своите примања ги добиваат преку Халкбанк. Средствата може да се подигнат во филијалите на банката, на банкоматите, како и преку електронското и мобилното банкарство.
Пензионерите кои избрале исплата преку Пошта на Северна Македонија, своите пензии ќе можат да ги подигнат во поштенските единици.
Од банката ги повикаа корисниците да ги проверат своите сметки и потсетија дека им стојат на располагање повеќе начини за пристап до средствата, со цел исплатата да се реализира брзо и без непотребно чекање.







