ПРВ.мк
Црна Хроника

Драма во Велес: Пожар во кафеана, пожарникарите спречија експлозија

Драма во Велес: Пожар во кафеана, пожарникарите спречија експлозија

Вистинска драма се одвивала синоќа во Велес, откако избувнал пожар во кафеаната „Шкорпион“ на улицата „Никола Карев“.

Според информациите од Територијалната противпожарна единица Велес, пријавата била примена во 22:10 часот, по што на местото веднаш биле испратени две противпожарни возила и шест пожарникари-спасители.

По пристигнувањето било утврдено дека огнот избувнал во кујната на угостителскиот објект. Благодарение на брзата и професионална интервенција, пожарот бил ставен под контрола пред пламенот да ги зафати плинските боци кои се наоѓале во кујната, со што била избегната можна експлозија и многу поголема трагедија.

Пожарот бил целосно изгаснат за кратко време, а во интервенцијата нема повредени лица.

Од противпожарната служба апелираат граѓаните при забележување пожар веднаш да се јават на бесплатните телефонски броеви 112 или 193.