ПРВ.мк
Црна Хроника

Хорор во Германија: Пет лица загинаа во напад со огнено оружје

Хорор во Германија: Пет лица загинаа во напад со огнено оружје

Најмалку пет лица го загубија животот во вооружен напад што денес се случи во германскиот град Штаде, соопшти локалната полиција.

По пријавите за повеќе истрели, безбедносните служби започнале голема полициска акција, а осомничениот напаѓач е приведен.

Властите информираат дека мотивот за нападот засега не е познат, а истрагата е во тек. Полицијата ја опиша ситуацијата како динамична и нагласи дека се утврдуваат сите околности поврзани со трагедијата.

Засега не се објавени информации за идентитетот на уапсениот, ниту дали нападот бил насочен кон конкретни лица.

Штаде се наоѓа западно од Хамбург и брои околу 50.000 жители.

Германските власти најавија дека повеќе детали за случајот ќе соопштат по завршувањето на првичната истрага.