ПРВ.мк
Македонија

Општа болница Кочани доби опрема за оперативна сала вредна 47.000 евра - веќе извршени три операции!

Општа болница Кочани доби опрема за оперативна сала вредна 47.000 евра - веќе извршени три операции!

Општата болница во Кочани доби донација од „Polish Aid“, реализирана преку Амбасадата на Република Полска, во вид на опрема за оперативна сала во вкупна вредност од 47.000 евра, по повод што болницата ја посети министерот за здравство, Сашо Клековски.

Како што беше посочено при посетата, новата опрема веќе се користи во пракса, а во оперативната сала вчера биле извршени три операции.

Во рамки на средбата во болницата биле разгледани тековната состојба и наредните чекори за унапредување на здравствените услуги во Кочани, при што беа истакнати повеќе клучни активности и вложувања:

  • Дигитален рендген: Набавен е нов апарат и се очекува неговата инсталација.
  • Физикална терапија: Одделот е опремен со современа опрема.
  • Гинекологија и акушерство: Со ангажирањето на нови гинеколози е забележан значаен пораст на бројот на раѓања во болницата.
  • Итна медицинска помош: Обезбедени се две нови амбулантни возила.

Министерот Клековски најави дека понатамошната модернизација на Општата болница во Кочани ќе се анализира заедно со Клиничката болница во Штип, со цел Источниот регион да се планира како единствена целина – со јасно дефинирање на услугите во Кочани и во Штип и нивно меѓусебно надополнување, наместо парцијално планирање по болници.

Тој изрази благодарност до „Polish Aid“ и Амбасадата на Полска за поддршката, како и до Општина Кочани и медицинскиот тим во болницата за посветеноста, нагласувајќи дека државата останува долгорочно ангажирана за унапредување на здравствената заштита.

Најнови вести