ПРВ.мк
Македонија

ООУ „Тошо Велков – Пепето“ во Кавадарци доби нов грант од 600.000 денари за унапредување на наставата

ООУ „Тошо Велков – Пепето“ во Кавадарци доби нов грант од 600.000 денари за унапредување на наставата

Во ООУ „Тошо Велков – Пепето“ во Кавадарци се одржа пригодна активност по повод вклучувањето на ова училиште меѓу деветте образовни установи во државата избрани за пилотирање на Проширената програма за основно образование. Проектот се реализира со поддршка од Министерството за образование и наука, Светска банка и Македонскиот центар за граѓанско образование (МЦГО).

Преку доделениот грант во вредност од 600.000 денари се обезбедуваат подобри услови за учење, набавка на современа опрема, како и реализација на дополнителни активности наменети за учениците од второ и трето одделение.

Како што беше истакнато на настанот, особено значајно е што ова претставува втор грант за кавадаречкото училиште во рамки на истиот проект, со што вкупната финансиска поддршка за модернизација на наставниот процес достигнува 1,2 милиони денари.

Од Општина Кавадарци порачуваат дека локалната самоуправа и понатаму останува силно посветена на поддршката на ваквите образовни иницијативи, препознавајќи го вложувањето во образованието како една од најважните инвестиции за иднината на најмладите и севкупниот развој на општината.

Најнови вести